logo
logo
logo

Mилошоски за бугарските пасоши: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се граѓани само на Македонија

Vecer | 11.03.2021

Mилошоски за бугарските пасоши: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се граѓани само на Македонија


И Антонијо Милошоски уверува дека информациите на бугарскиот министер Красимир Каракачанов дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат бугарски државјанства се лага. Тој вели дека сите пратеници на неговата партија имаат само македонски пасоши. Прашан дали може да го докаже тоа, Милошоски одговори потврдно. Ова следува откако Каракачанов објави имиња на македонски политичари од кои поголемиот дел актуелни пратеници на опозицијата, за кои кажа дека се бугарски државјани.

„Краток е нашиот коментар, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се граѓани на Република Македонија и само на Република Македонија. Но, кога има скандал за фантом фирми, фантом вакцини, има и список за фантом пасоши. Сметаме дека ова е обид да се дефокусира населението од коруптивната афера за набавка на вакцини преку фантомска фирма со тројца вработени, а требало да направи голема милионска трансакција, а премиерот и министерот за здравство веројатно сакале да направат профит, наместо да обезбедат вакцинирање. Во ВМРО-ДПМНЕ, пратениците имаат само македонски пасоши и гласаат во Република Македонија“, вели Милошоски.

Претходно и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски негираше дека има бугарски пасош, како и право да гласа на тамошните избори.

Дека Каракачанов зборува лаги обвинуваат и од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението испратено до јавноста велат дека Каракачанов води антимакедонска политика и има за цел да оцрнува и фабрикува невистини против функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Николоски, Антонио Милошоски, Петар Богојески, Филип Петровски, Никола Мицевски, Александар Пандов се само дел од имињата кои ги објави бугарскиот министер за одбрана, Красмир Каракачанов, а за кои тврди дека се лица кои се декларирале како Бугари и се со бугарско државјанство, па затоа можат да гласаат и на тамошните избори.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk