logo
logo
logo

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ победува во 18 општини во првиот круг

Vecer | 17.10.2021

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ победува во 18 општини во првиот круг

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, предмалку изјави дека неговата партија освоила 18 градоначалнички места во првиот круг од локалните избори.

„Нашите кандидати за градоначалници победија во Прилеп, Неготино, Кавадарци, Могила, Новаци, Градско, Илинден, Сопиште, Петровец, Јегуновце, Карбинци, Зрновце, Кратово, Свети Николе, Виница, Босилово, Штип, Велес“, изјави Милошоски во изјава за Канал 5.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ е на чекор од победа во првиот изборен круг и во Охрид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk