logo
logo
logo

Милошоски: Власта плаќа 102.000 евра од буџет за мерење на рејтингот, среде пандемија (ДОКУМЕНТ)

Vecer | 23.04.2021

Милошоски: Власта плаќа 102.000 евра од буџет за мерење на рејтингот, среде пандемија (ДОКУМЕНТ)

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вечерва преку ФБ објави документ од системот за јавни набавки, според кој, владеачките партии ќе го мерат рејтингот на владините политики, и ефикасноста од истите, односно, како што наведува тој, рејтингот на нивните градоначалници и кандидати за 102.000 евра, буџетски пари.

- Среде пандемија и тешка економска криза, владината коалиција со буџетски 102.000€ (без ДДВ) ќе си плаќа анкети за мерење на рејтингот на нивните градоначалници и кандидати.

А има толку многу реални потреби и проблеми што треба да се решаваат со буџетските средства, пишува Милошоски на ФБ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk