logo
logo
logo

Милошоски: Владата и Филипче имаат и морална и законска одговорност за несупешното справување со корона кризата

Vecer | 28.04.2021

Милошоски: Владата и Филипче имаат и морална и законска одговорност за несупешното справување со корона кризата

Антонио Милошоски, пратеник во собранието и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ во изјава при теренска посета во битолско, кажа дека справувањето со корона кризата од страна на министерот Филипче е неуспешно и затоа Македонија има најмалку имунизирано население во регионот.

Милошоски потенцираше дека доколку министерот Филипче не трчал по провизии и посеризно се занимавал со справување со здравствената криза Македонија немаше да има огромен број на починати и сериозна економска штета.

-Сметам дека справувањето со корона кризата е неуспешно бидејќи министерот за здравство Венко Филипче наместо да се заминава со набавка на вакцини и обука на персонал за подобра организираност во оваа пандемија тој трчаше по провизии и Македонија остана за жал земја во регионот која што има најмалку имунизирано население рече Милошоски.

Милошоски додаде дека за катастрофалната здравствена и економска криза  и за огромниот број на загубени  животи и работни места министерот за здравство Филипче и премиерот Заев не носат само морална одговорност туку и здравствена и законска одговорност за штетата која е направена.

-Колку време помина од декември кога Филипче ветуваше дека ќе почне вакцинацијата до денес и колку жртви човечки и жртви економски имаме како држава покажува дека Филипче и Заев не носат само морална туку носат и здравствена и законска одговорност за оваа штета што е направена. Прекумерната смртност за Македонија е катастрофална, а економските штети мислам дека се многу големи и затоа сметам дека тандемот Заев Филипче со непреземање на навремени дејствија нанесоа голема здравствена и економска штета на државата заврши Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk