logo
logo
logo

Mилошоски: Вице Заев e премиер од сенка кој се занимава со тендери на неформален начин

Vecer | 28.05.2021

Mилошоски: Вице Заев e премиер од сенка кој се занимава со тендери на неформален начин


Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска при остварената посета на граѓани во Охрид одговараше на новинарски прашања.

Едно од прашањата на медиумите беше за аферата со рекетот од 250.000 евра.

„Во државава имаме тројца премиери, еден премиер е Заев, другиот е првиот вицепремиер Артан Груби, а третиот неформален премиер кој што најчесто се занимава со тендери на неформален начин е Вице Заев. И во случајот на РЕК очигледно е дека тогаш формален директор на РЕК бил Васко Ковачевски, а неформален, оној кој што се занимавал со тендерите и кој колку треба да плати за да изврши некоја набавка, бил Вице Заев. И во државата е јасно која е неговата улога“, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека Вице може да демантира колку што сака, но колку повеќе демантира толку повеќе станува јасно дека РЕК, како што кажа, станала фирма која што заедно со ЕСМ во 2016-та година била во добивка од 13 милиони евра, за денес да биде во загуба од 16 милиони евра.

„За, жал државата ја плаќа цената со хибриден режим и 111-то место на ‘Транспаренси Интернешнл’ за корупција, бидејќи тие што се занимаваат со следење на корупција знаат која е улогата на братот на премиерот“, нагласи Милошоски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk