logo
logo
logo

МИЛОШОСКИ: Разговор -да, но само за експертска Влада

Vecer | 06.03.2021

МИЛОШОСКИ: Разговор -да, но само за експертска Влада

Во денешната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на прашањето колку е прифатлив предлогот на Заев за широка влада, Милошоски истакна дека Заев со денешната изјава потврдил дека на Македонија и е потребна нова Влада, како и дека ова мнозинство е неефикасно, а ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за експертска влада која ќе организира локални и предвремени парламентарни избори.

Заев со денешната изјава за широка влада прво потврди дека на Македонија и е потребна нова и поинаква Влада, второ мислам дека тезата на Заев потврдува и друго нешто за сегашната влада и сегашното мнозинство се неефикасни и немаат капацитет да се носат со реални и сериозни проекти во време на криза, и трето ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци кажа дека на Македонија посебно пред изборите многу подобро би и дошло да има експертска влада, којашто ќе има капацитет да има поширока поддршка и да понуди реални проекти за излез од оваа криза, што Заев не е способен да ја менаџира, истакна Милошоски.

Милошоски објасни дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара доколку експертската влада биде на чело со човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk