logo
logo
logo

Милошоски: Профитот за СДСМ Е ПОВАЖЕН ОД ЧИСТИОТ ВОЗДУХ

Vecer | 19.05.2021

Милошоски: Профитот за СДСМ Е ПОВАЖЕН ОД ЧИСТИОТ ВОЗДУХ

Борбата за профит за власта  е поважна од борбата за чист воздух и обвинителството има обврска да поведе постапка бидејќи постојат сомнежи за сторено кривично дело, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со истражувањето на ИРЛ за загадувањето на воздухот и користење на мазут опасен по здравјето од страна на фирми блиски до СДСМ.

- Она што може да се забележи кај актуелната власт е дека борбата за профит им е поважна од борбата за чист воздух. Загадувањето не ги интересира толку колку што ги интересира на кој начин фирмите блиски до власта и до владини функционери, актуелни и поранешни може да направат профит на некој нелегален начин, рече Милошоски.

Милошоски потенцираше дека е работа на не само оние кои се занимаваат со екологија и граѓаните кои сакаат почиста животна средина туку и обврска на обвинителството да поведе посебна истрага бидејќи има сомнежи за кривично дело.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk