logo
logo
logo

Милошоски од Ресен: Победата на листата на советници ќе ја поткрепиме и со градоначалник, излезете масовно и гласајте за Јован Тозиевски

Vecer | 25.10.2021

Милошоски од Ресен:  Победата на листата на советници ќе ја поткрепиме и со градоначалник, излезете масовно и гласајте за Јован Тозиевски

Интегрален текст од изјава на Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Tука од Ресен, од Јанковец, сакам да испратам една порака. Mногу сме задоволни од победата на нашата листа на советници во општина Ресен, сметаме дека ќе биде клучна во креирањето на новото мнозинство во Советот.

Граѓаните се прилично незадоволни од лагите на актуелниот градоначалник Гошаревски од кого што повеќе лажи само премиерот Заев и сметам дека е време на овие лаги да им се даде заслужената казна.

Имаме млад, способен човек, спремен со проекти и добар тим, Тозиевски кој што можи Ресен реално да го води напред и да води проекти кои што ќе бидат од интерес за сите граѓани.

Затоа ги повикуваме на 31-ви октомври да му дадат шанса и да дозволат Ресен да направи чекор напред после овие четири години застој.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk