logo
logo
logo

Милошоски од Битола: Во Битола има добро расположение за промени

Vecer | 28.04.2021

Милошоски од Битола: Во Битола има добро расположение за промени

Денеска сме тука во Битола во Оризари дојдовме да оддадеме почит на Бошко и неговите соборци кои што пред 20 години ги положија своите животи за Македонија, за нејзината државност, самобитност, слобода и тој спомен не треба да се заборави, изјави денеска за медиумите, Антонијо Милошоски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа што исто така сакам да го споменам е дека тука на ова место каде што Иницијативниот одбор од Оризари го направи ова спомен обележје, сметам дека во скора иднина со една подобра локална самоуправа може да биде и добар спортски рекреативен центар за жителите за оваа населба која што е голема населба.

Она што сакам да го истакнам дополнително по однос на Битола и локалните избори кои што доаѓаат, гледаме дека не е само Петре Шилегов тој кој што важи за мрзелив градоначалник, веројатно голема конкуренција може да му прави и градоначалничката Наташа Петровска за која што гледаме од самата Битола и населбите во околината дека нема остварено ниту 5 проценти од она што го ветуваше во пред изборната кампања, вели тој.

– И сметам дека битолчани ќе знаат како тоа да го оценат на следните локални избори, каде што според мене има многу добро расположение со добар кандидат и реална програма опозицијата да направи сериозен резултат, посочи Милошоски.

https://www.youtube.com/watch?v=3zb3IodfD1c

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk