logo
logo
logo

Милошоски ОБЈАВИ ДОКУМЕНТ: МВР, АНБ и МВР, знаеле за „ерменската афера" НО МОЛЧЕЛЕ (ФОТО)

Vecer | 23.09.2021

Милошоски ОБЈАВИ ДОКУМЕНТ: МВР, АНБ и МВР, знаеле за „ерменската афера" НО МОЛЧЕЛЕ (ФОТО)

Документ покажува дека властите не ја соопштија вистината за „Ерменската афера“ и скандалот кој го предизвикале македонските дипломати, во кој од Ерменија биле извлечени луѓе обвинети за криминал.

Антонијо Милошоски потенцира дека МНР Османи и МВР Спасовски не ја говорат вистината кога тврдат дека за "Ерменската афера" прв пат слушнале во август оваа година, кога Србија извести дека го уапсила дипломатот Миле Миленкоски, кој со логистика од Македонија шверцувал обвинети од Ереван до Виена.

- Документот од април оваа година од Загреб, кој известува за екстрадициониот притвор на македонскиот државјанин Бранислав Димитриевиќ во Осиек, баран преку Интерпол, е само уште еден доказ дека раководството на МВР, АНБ и МВР, за "ерменската афера" дознало многу порано, но молчеле, вели Милошоски.

Инаку Бранислав Димитриевиќ бил еден од најблиските соработници во проектите на Левон Саркисјан, братот на поранешниот претседател на Ерменија, без кого не поминувал ниеден поголем тендер, и кој исто така е во бегство. Во меѓувреме во МНР удираат по самарот (ветинг на двајца вработени од понизок ранг), додека триото "шверцери на луѓе од Ерменија" сеуште ужива заштита на некои високи државни функционери, напиша Милошоски на Фејсбук

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk