logo
logo
logo

Милошоски: Непочитувањето на препораките на ГРЕКО и 111-то место по корупција, се доволно причини за оставка на Николовски

Vecer | 28.04.2021

Милошоски: Непочитувањето на препораките на ГРЕКО и 111-то место по корупција, се доволно причини за оставка на Николовски

Антонијо Милошоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната посета во општина Битола, одговарајќи на новинарско прашање за извештајот на ГРЕКО за Македонија, рече дека извештајот на ГРЕКО за Македонија не е добар затоа што од 23 препораки којшто Советот на Европа ги дал за борба против корупцијата, Владата исполнила само 4 целосно и 9 делумно. И дека токму затоа сме на 111-то место по корупција, и треба сериозно да се размисли за оставка на вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

-Извештајот на ГРЕКО за Македонија не е добар затоа што од 23 препораки кој што советот на Европа ги дал за борба против корупцијата, владата исполнила само 4 целосно и 9 делумно и најголемата забелешка на ГРЕКО е дека не може еден висок владин функционер вицепремиер да биде тој кој што ќе дава напатствија како да се води борбата против корупција а од друга страна истиот да биде тој кој што истражува или оценува кој ја создава таа корупција, рече Милошоски

Тој потенцираше дека и најголемата забелешка на ГРЕКО е дека неможе еден висок владин функционер вицепремиер да биде тој кој што ќе дава напатствија како да се води борбата против корупција а од друга страна истиот да биде тој којшто истражува или оценува кој ја создава таа корупција.

-Владата во Македонија за жал се покажа дека е најголемиот извор на корупција и според мене заради тоа сме на 111-то место на борбата против корупцијата. Сметам дека извештајот на ГРЕКО е сериозна причина Владата да размисли овој функционер или да не ја врши таа функција да си поднесе оставка или да не се води како вицепремиер за борба против корупцијата затоа што станува забелешка за Македонија, истакна Милошоски

Тој посочи дека извештајот на ГРЕКО е сериозна причина за владата да размисли овој функционер или да не ја врши таа функција да си поднесе оставка, или да не се води како вицепремиер за борба против корупцијата затоа што станува забелешка за Македонија, рече Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk