logo
logo
logo

Милошоски: Наместо партнер на ЕУ, СТАНУВАТЕ СИВА ЗОНА, ако е пробиен системот за пасоши

Vecer | 12.04.2021

Милошоски: Наместо партнер на ЕУ, СТАНУВАТЕ СИВА ЗОНА, ако е пробиен системот за пасоши

Аферата „Мафија“ освен загрозување на визната либерализација, претставува дополнително нарушување на имиџот на Македонија во очите на Брисел и НАТО. Освен кривична одговорност за овој случај  треба да има и политичка одговорност, а таа во моментов ја носи министерот за внатрешни работи бидејќи тој е одговорен за тоа што се случувало од 2017 до денес, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за „Филибастер“ на Радио Лидер.

Милошоски потенцира дека Спасовски во најмала рака од морални причини треба да си поднесе оставка.

- Постојат две причини зошто да си поднесе оставка. Едната е доколку знаел дека се случува ваква операција носи политичка одговорност, втората е заради друга ситуација е доколку Спасовски не знаел дека некој го пробил системот. Тоа значи дека неговата политичка одговорност е уште поголема, вели Милошоски.

Тој истакна дека покрај тоа граѓаните гледаат дека нивниот идентитет не заштитен и може да биде злоупотребен бидејќи еден Седат Пекер од Турција познат мафијаш или Валид Иса од Италија и други нарко босови добивале патни исправи со македонски идентитети.

- Дилемата е колку е безбеден македонскиот систем на издавање на патни исправи. Македонија ужива визна либерализација со ЕУ, врз основа на изградената доверба дека е добра граничната контрола и дека се заштитени патните исправи. Ако некој го пробие тој систем и тој е организирано пробиен од самата држава, вие не станувате партнер на ЕУ туку сива зона во која голем број на мафијаши наоѓаат свое прибежиште и да ги збегнат сите потерници по нив, нагласи Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk