logo
logo
logo

Милошоски најави можна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за Максим Димитриевски во вториот изборен круг

Vecer | 22.10.2021

Милошоски најави можна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за Максим Димитриевски во вториот изборен круг

Гледаме дека врз еден од кандидатите се врши полициски притисок и нашите симпатизери ни даваат препорака да покажеме солидарност и да му помогнеме на тој кандидат, рече Милошоски.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата на „360 степени“ рече дека во вториот круг од локалните избори тие ќе се обидат да победат во општините во кои имаат свои кандидати, а онаму каде што немаат ќе поддржат некој од другите кандидати, а во тој контект како пример го наведе Куманово.

Во Куманово во вториот изборен круг останува актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, кој на овие локални избори настапува како независен кандидат, а противкандидат во вториот круг му е Оливер Илиевски од СДСМ.

„Ние во нашиот настап не гледаме да навредуваме други кандити или други политички партии, туку гледаме каде што можеме да победиме заедно со Алијанса за Албанците и Алтернатива. Но, таму каде што не сме во игра да дадеме поддршка на кандидати кои може да победат како што е случајот со Куманово. Ние таму не влеговме во вториот круг, но гледаме дека врз еден од кандидатите се врши полициски притисок и нашите симпатизери ни даваат препорака да покажеме солидарност и да му помогнеме на тој кандидат“, рече Милошоски.

Максим Димитриевски, кој освои најмногу гласови во првиот изборен круг, пред неколку дена се пожали на Фејсбук дека го запрела полиција и дека неговото возило, иако е ново, било испратено на технички преглед. Тој рече дека прво бил следен од полициско возило, а тројца униформирани полицајци, без никакво образложение, им барале документи на него и на возачот.

Од МВР се огласија со соопштение, во кое се нагласува дека е активирана внатрешната контрола за да се расчисти случајот, при што се истакнува и дека нема да се дозволи каков било притисок и злоупотреба на положбата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk