logo
logo
logo

Милошоски: На Адеми не му се допадна што се бараше дополнување на дневниот ред на гласање

Vecer | 27.06.2022

Милошоски: На Адеми не му се допадна што се бараше дополнување на дневниот ред на гласање

Пратеникот Антонио Милошоски објаснува што се случуваше на денешната собраниска комисија и дивеењето на претседателот Арбр Адеми.

Инцидентот настанал поради дневниот ред за гласање и откако претседателот рекол дека нема предлог за дополнување на дневниот ред иако имало таков предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

- На Адеми не му се допадна тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ  бараа дополнување на дневниот ред на гласање. Нашето барање беше да се направи измена на дневниот ред и да се стави за дискусија точката за случувањата во Брисел. Кога гласно се побунивме дека го имаме тоа право според Деловникот Адеми се изнервира и го искина постолјето за микрофонот и ја пресече раката. Веднаш притрчаа пратеничките од ДУИ за да го смируваат, изјави Милошоски за “Република“ што се случувало на комисијата за европски прашања.

https://vecer.mk/makedonija/1078317/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk