logo
logo
logo

Милошоски: Меѓународниот Интерпол го бара, македонскиот го чести ручек?

Vecer | 12.05.2021

Милошоски: Меѓународниот Интерпол го бара, македонскиот го чести ручек?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антпнио Милошоски, веќе неколку пати упатува јавни прашања до државните органи за аферата “Мафија“ и 214-те нелегално издадени пасоши на криминалци кои ги бараат неколку меѓународни организации за борба против криминал и безбедносни служби.

-Бидејќи во јавноста има голем интерес околу тоа кој од повисоките структури во МВР бил запознаен со издавањето на 214 пасоши на нарко-босови со украден идентитет во случајот "Мафија", денес до МВР Спасовски поставив писмено пратеничко прашање, а поврзано со неговиот помошник министер:

- Дали во периодот октомври-декември 2020г. началникот во МВР за меѓународна соработка и Интерпол, Рефик Ќерими, остварил една или повеќе средби со мафијашот Седат Пекер, по кого токму Интерпол трага со потерница?

- Од помош на оваа тема би можеле да бидат документите кои за меѓународниот мафијаш Седат Пекер ги води и Агенцијата за национална безбедност?

Вчера Милошоски го праша Заев дали се има сретнато со Седат Пекер:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk