logo
logo
logo

Милошоски: Ковачевски нема легитимитет, прифатил промена на Устав за да го продолжи политичкиот и функционерски живот затоа избори се неопходни

Vecer | 03.02.2023

Милошоски: Ковачевски нема легитимитет, прифатил промена на Устав за да го продолжи политичкиот и функционерски живот затоа избори се неопходни

Работите можат да се поправат во Македонија, ако има Влада која црпи легитимитет од граѓаните, рече Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

„Многу пропусти се направија и ќе останат како лузни, но еден дел можат ад се поправат“, вели тој укажувајќи дека за да има ресетирање мора да има избори.

„Се наѕира залезот на оваа власт. Дел од симпатизерите забележуваат дека животниот стандард опаѓа“, посочува Милошоски.

Тој се осврна и на уставните измени укажувајќи дека никој нема легитимитет за уставни измени.

„Никој не го спомнал тоа на избори. Ниту самиот премиер Ковачевски во експозето не го спомна тоа. Значи дека не знаел, подоцна гледајќи дека нема друга опција гледајќи дека не ужива популарност го прифати за да го продолжи политичкиот и функционерски живот. Затоа влегувањето на Алијанса за Албанците значи зголемување на бројот на пратеници кои ја поддржуваат Владата. Владата знае дека не може да ја зголеми довербата кај граѓаните, па нуди функционерски места на Алијанса за да го зголеми бројот на пратеници. И тоа е наједноставно објаснување на оваа турска серија“, рече Милошоски.

Тој укажа дека во Владата ќе влезе партијата чиј лидер Арбен Таравари на гостување на Алфа пред три години изјави дека не размислува за влез во Владата во која е ДУИ бидејќи Алијанса не може да се бори против корупцијата со криминалците на ДУИ. Според него ВМРО-ДПМНЕ смета дека народот е најдобра коалиција за нив.

„ВМРО-ДПМНЕ има најголем кредибилитет, голем дел што е ветено е и направено. И градоначалниците сега се стремат кон тоа иако имаат низа на сопки. Тука се гледа кредибилитетот“, вели Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk