logo
logo
logo

Милошоски: Дека институциите се диригирани од власта покажа и случајот со Пауновски

Vecer | 28.04.2021

Милошоски: Дека институциите се диригирани од власта покажа и случајот со Пауновски

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска во Битола одговарајќи на новинарско прашање околу разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат изјави дека тој не би се мешал во внатре партискиот дел на СДСМ, но тој изрази голема загриженост од односот на Владата спрема директорот на таа институција кој е разрешен бидејќи си ја вршел работата како што треба.

-Како институција и како човек најголемата забелешка на Владата по однос на директорот Пауновски беше зошто тој пркосел на премиерот и на вицепремиерот. Гледаме дека оваа Влада за жал, кога има такви луѓе кои покажуваат интегритет ги разрешува, а кога има луѓе каде што има сериозни индикации за криминогено однесување не ги разрешува, напротив ги унапредува или штити, посочи Милошоски.

И затоа тој смета дека овој случај со директорот Пауновски само покажува дека институциите се диригирани од власта и секое покажување на самостојно мислење може да биде ризично за директорот кој што се осмелил да работи законито, а тоа не е добро за нашата држава, рече Милошоски.

По однос на образованието, Милошоски смета дека проектот на Мила Царовска преставува една анти реформа и најдобар совет за министерката Царовска освен тоа да ги послуша родителите на учениците и да ги послуша наставниците.

-Во време кога 40 илјади ученици во Република Македонија или немаат пристап до интернет или немаат помагала и лаптопи не е добро да се воведува дигитално образование кое што ќе значи социјално раслојување. Дополнително примерите од Хрватска, од Австрија, Србија, Грција и многу други земји кои што се понапредни во ПИСА, покажуваат дека книгата била и треба да остане основното помагало на учениците и на наставниците. И затоа сметам дека Царовска не треба да ја прави оваа анти реформа бидејќи ќе нанесе голема штета на цела генерација ученици, истакна Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk