logo
logo
logo

Милошоски: Безбедносните афери и корупцијата му пресудија на Фрчковски да не стане амбасадор

Vecer | 12.03.2021

Милошоски: Безбедносните афери и корупцијата  му пресудија на Фрчковски да не стане амбасадор

„Без разлика дали станува збор за амбасадор или слично треба да се одбере најквалитетниот кадар во моментов. Тука би се осврнал и на дипломатијата, во изминатиов период, би го искоментирал и тој актуелен случај кој што не е врзан со квоти, повеќе би рекол дека е врзан со политика, но не дава добар пример за Македонија, а тоа беше примерот со номинацијата на Фрчковски за амбасадор во Вашингтон“,истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување за „Радио Лидер“ говорејќи за не доделувањето на парична помош од Брисел.

Милошоски додаде дека МНР и Владата доживеаја прво да нема три години амбасадор во Вашингтон што само по себе е голем пропуст за Македонија во најважното дипломатско место да немаш амбасадор. И второ номинираат за амбасадор човек кој што после кратко време после номинацијата стигнува вербална порака по дипломатски канали од Вашингтон дека истиот го сметаат за неподобен за амбасадор во Вашингтон.

„Информацијата јас ја добив од дипломатски извори кои што се ангажирани во македонската дипломатија, кои што споделија едно такво сознание, добронамерна сугестија стигнала од високи дипломатски кругови во Вашингтон кои сметаат дека г. Љубомир Фрчковски не е соодветен, не е подобен да биде амбасадор во САД. И сметам дека е тоа голем сигнал, за жал и голема бламажа за Владата и македонската дипломатија. И мислам дека Владата не смеела да си дозволи да оди со таква номинација, пред истата да ја провери“, рече Милошоски.

Милошоски посочи дека има разлика помеѓу зборовите и делата на секој кандидат за амбасадор или дипломат. Посериозни држави како Америка имаат подолга архивска меморија што се случуваше кога беа санкциите против Србија, што се случуваше со шверцови на нафта, фрее шопови и сл. Што се случуваше по однос на загрозување на правата на луѓето со следење и прислушкување, потпишување на лични наредби за такви случаи, се тоа знае и памети Америка.

„Најчесто  државите кои што треба да бидат домаќини на некој кандидат за амбасадор пред да дадат агреман проверуваат две клучни работи, а тоа е дали зад кандидатот за амбасадор постојат некакви безбедносни афери условно кажано, соработка со служби кои што се пријателски кон нив, вакви некои безбедносни афери кои што се однесувале на оваа споменатата со атентатот на покојниот Киро Глигоров и сл. И ги истражуваат исто така и можните коруптивни афери“, нагласи Милошоски.

Милошоски кажа дека семејството на Фрчковски беше многу ангажирано во одбрана на Катрица Јанева за коруптивен скандал кој што ја потресе Македонија.

„Фрчковски не би бил ниту подобен за ОН. Зошто? Затоа што во ОН имате пет постојани земји членки на Советот за безбедност. А, тоа се Америка, Кина, Русија, Франција и Велика Британија. И ако САД кажале „НЕ“ за Фрчковски, дека тој за нив е неподобен, тогаш и во ОН, таков амбасадор не би бил употреблив“, истакна Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk