logo
logo
logo

Од дома работат за странци

МИЛИОНИТЕ ЕВРА се кај програмерите - еве колку заработиле Македонците

Vecer | 08.06.2021

МИЛИОНИТЕ ЕВРА се кај програмерите - еве колку заработиле Македонците

Програмерството е професија која е високо резистентна на економските последици од корона кризата. Ова го покажуваат официјални достапни податоци од Централниот регистар за најголемите програмерски компании во Македонија, пренесува Фактор.мк. 

Програмерската работа веќе не е само брзорастечка индустрија. Таа е доверлив и ликвиден извор што генерира солиден внос на девизи, препознатлива е на странските пазари, а има солиден придонес за домашната економија. Најголем број од најуспешните програмерски фирми имаат „кор бизнис" компјутерско програмирање, а има и такви кои се занимаваат со комјутерски консалтинг дејности, како и со останати услуги кои произлегуваат од ИКТ индустријата.

Македонската ИКТ индустрија е генерално извозно ориентирана и нашите компјутерски умови се бренд производители и посакувани соработници на глобалниот програмерски пазар кој е пример за глобална пазарна економија во која најконкурентните, а не „најснаодливите" најдобро поминуваат.

Сивус, традиционално, е најголемата програмерска компанија на македонскиот извозно – ориентиран пазар. Ова друштво, кое е дел од „Сивус Груп Холдинг" лани оствари приходи вредни 17,7 милиони евра и годината ја заврши со раст од 5 отсто. Нетцетера, пак,го зголеми приходот за 21 отсто до 12,1 милиони евра. Трет по големина на приходи играч на нашиот пазар е македонската филијала на реномираниот израелски бренд Ендава ПЛЦ. Лани нивните приходи од продажба пораснале за 15 отсто достигнувајќи 10,4 милиони евра.

Од аспект на ниво на профит најуспешна домашно – поседувана компанија е битолското програмерско чудо Интерворкс. Лани компанијата на Фанија Мемца оствари добивка од 1,1 милиони евра на приходи од 4,8 милиони евра. Програмерскиот бренд Некстсенс минатата година беше на ниво, иако бележи пад на приходите и на добивката, па од продажба на памет оствари приход од 5,25 милиони евра и добивка од 332.000 евра. Алокејт ЛТД лани работела повеќе од 2019 година. Приходите од продажба се зголемени за 9 отсто до 5,6 милиони евра, а профитот пораснал за 8 отсто и изнесува 558.000 евра.

Аксапта Мастерс е уште една солидно позиционирана компанија на домашни програмери, која во изминатата година оствариле добивка од 662.000 евра – 13 отсто повеќе од 2019 година. Солиден резултат има и Б-Технолоџи ДООЕЛ фирма на БТО БЕТ ЛТД. Приходот лани достигнал 2,8 милиони евра што е за 40 отсто повеќе од претходната година, а добивката изнесува 433.000 евра.

Од програмерските компании во тие со поголем приход лани е и Инскејл МКД , која остварила приход од 3,45 милиони ера и добивка од 140.000 евра. Шампионски раст на добивката книжи фирма за компјутерски консалтинг дејности во сопственост на четворица Македонци, ИТГМА ДОО.  Друштвото лани остварило приход од 3,5 милиони евра, а добивката е 448.000 евра и тоа е за 90 отсто подобар резултат од 2019 година.

Од компаниите кои се регистрирани за останати услуги во врска со ИКТ индустријата лаи солидно оствариле словенечката филијала на С&Т, како и домашната компанија Акселтра. С&Т Македонија има приход од 7,5милиони евра и добивка од 352.000 евра, а Акселтра приход од 2,3 милиони евра и профит од 315.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk