logo
logo
logo

МИЛИОН ЕВРА државни пари за новинарите на СДСМ, а вие чекајте брза помош

Vecer | 15.10.2021

МИЛИОН ЕВРА државни пари за новинарите на СДСМ, а вие чекајте брза помош

Додека тропа кризата на врата кај обичните граѓани, криза нема за одредени новинари и медиуми, барем оние кои важат за блиски до власта и до СДСМ. Откако ја презеде СДСМ власта во 2017 година па се досега повеќе пати ги „награди“ своите медиуми. Покрај државната директна помош за нивните медиуми, „наградени“ беа и фирмите на новинарите, кои по разни основи изминативе 4 и половина години заработија над милиони евра од државни тендери и грантови.

Последен во низата за кого особено се крена фама во јавноста е водителот Жарко Димитриовски, чија фирма „Еден на еден“ зела речиси 300.000 евра само во 2021 година. Податокот е лесно проверлив на владиниот портал јавни набавки од каде може да се видат тендерите и сумите кои ги добила фирмата на Димитриовски.

Тендерите се добивани од владините институции и компании, а таму ќе се сретнат Генералниот секретаријат на владата, Државна Лотарија и Министерство за финансии, но и Управата за јавни приходи, Државен завод за статистика па дури и Дирекцијата за технилошки и индустриски развој.

Тоа што е симптоматично само една од набавките има наслов „Набавка на услуги за двонасочна комуникација”. Каква е таа двонасочна ккомуникација за која се потрошени народни пари, тоа треба самите тие да го објаснат.

Но Димитриовски, е последниот кој добивал државни тендери, но не и единствениот. Претходно во медиумите беше објавено како новинарите Борјан Јовановски и Сашо Ордановски, и двајцата  кои важат за екстремно блиски до СДСМ и власта, земале 220.00 евра од Агенцијата на филм додека со неа директоруваше Горјан Тозија.

Тогаш беше објавено дека компанијата „Евро вижн“ добила 5,2 милиони денари од Агенцијата за филм за проект на Борјан Јовановски. Односно, за дебитантски долгометражен документарен филм со мнозински удел меѓу другите доби насловот „Кодот на Преспа“ на продуцентот Стримон филм, во режија на Николче Поповски и сценарио на Борјан Јовановски.

Воедно  беше објавено и дека од Агенцијата за филм доби и компанија OХО која го ангажирала Сашо Орданоски како главен сценарист, за што биле одобрени 8 милиони денари.

Но, тоа не е се за Сашо Орданоски. Неговиот брат Ванчо Ордановски во 2019 години за за време на скандалозната распределба на грантови од Фондот за иновации и технолошки развој земал 350.000 евра за уреди кои ќе мерат загадување на воздухот, но тоа што беше поскандалозно е дека голема е верoјатноста проектот да украден, за што се огласи и индиски Оизом која тврдеше дека се работи за речиси идентичен уред. Тие за медиумите се пожалија и дека на веб страницата на проектот под име Екомонитор на Орданоски првично стоела фотографија од уредот, идентична со онаа на индиската веб страница но со избришано лого

Секако тука треба да се напомене и тоа што и сопругата на новинарот Горан Михајлоски, уште еден новинар близок до СДСМ, доби околу 220.000 евра од истата распределба од ФИКТ за време на скандалозните грантови, за што и јавноста го нарече Фонд за криминални иновации.

И ова се само 4 имиња, блиски до СДСМ кои земале државни тендери, постојат такви најмалку 10, а да повториме дека власта секоја година префрла државни пари медиуми од кои најмногу земаат тие кои се блиски до нив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk