ЦО на СДСМ оценува дека најавата за преговори околу вонредни избори е добра основа за продолжување на дијалогот со сите парламентарни политички партии. Врз основа на заклучоците, ЦО на СДСМ, донесе одлука за формирање на работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни политички партии за операционализација на следните конкретни чекори. Работната група ќе ја предводи генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ – информира Кузеска.

Мицкоски попладнево од Охрид демантираше дека прифатил уставни измени. Кузеска не сакаше да ја коментира таа изјава, затоа што, како што рече, тоа се однесувало на условите за кои се зборувало на лидерската средба.