Миланов: Груевски ми се јави од странски број вечерта по објавата на ФБ, Судот е известен (ВИДЕО)

Немаше никакви најави дека ќе го направи тоа што го направи. Последната средба ја имав дестина дена пред да објави каде е. Тогаш немаше никаква најава дека ќе избега, изјави адвокатот Еленко Миланов во Топ тема на ваша страна. Тој појаснува дека разбрал за бегството од објавата на ФБ.

- Никола Груевски ми се јави вечерта, по објавата на неговиот статус на ФБ, ми рече дека се наоѓа во Унгарија и дека ако имаме потреба, како адвокатски тим, можеме да го бараме на то број. Ништо друго. Ми се јави од странски број. Јас го известив судечкиот совет, а истото го направиа и другите адвокати кои го бранат, јас не го бранам во сите случаи - изјави адвокатот Еленко Миланов во Топ тема на ваша страна на Телма вечерва.

Тој потенцира дека оваа комуникација сигурно ја имаат сите надлежни институции во Македонија.

- Потоа имавме уште една комуникација по пораки, во која го интересираше процесот околу можноста да му се одреди притвор додека нема одземен имунитет како пратеник - изјави Миланов.

На прашањето дали Груевски се интересирал за азилот, Миланов рече дека никој од Македонија во тоа не може да му помогне.

- Ако ме контактира и има прашања поврзани со процесите во Македонија, јас ќе му дадам правен совет и така ќе биде се додека не ми биде одземено полномошното. 

Со неверување ја дочекав информацијата дека ја напуштил земјата, изјави Миланов. Ова е во видеото во последните 15 минути.

Поврзани

Најнови вести

Коментари