logo
logo
logo

Миланов: Форензички докажавме дека Нинџа давал лажни информации во исказот за 27 април

Vecer | 11.06.2021

Миланов: Форензички докажавме дека Нинџа давал лажни информации во исказот за 27 април

Целото обвинение за настаните од 27 април, обвинителството се обидува да го внесе со исказ на една личност, Александар Василевски Нинџа, кој во исказите иако го споменуваат за најинволвиран како за набавка на маски, повикување на луѓе, доби најмала казна, изјави адвокатот Еленко Миланов, за „Заспиј ако можеш“ на Алфа кој додаде дека форензички е докажано дека Нинџа давал лажни информации во своите искази.

- Одбраната направи форензичко вештачење на доказите кои ги доби од обвинителството, на мобилните телефони од овластен вештак и утврди дека лицето Александар Василевски Нинџа на 27 април 2017 година, во ниеден момент не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот телефон во ниеден момент не е исклучен и има сигнал и во ниеден момент не е во штабот, рече Миланов.

Миланов посочи дека има само еден податок дека околу 22 часот се појавува на базната станица кај штабот, но се појавува во одреден момент во тек на разговор и веднаш преминува на друга станица што значи дека само поминал во близина на седиштето, но не бил во штабот.

- Тој е клучен сведок кој тврди дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски ги видел на 8 кат со други лица, но неговиот исказ успеавме да го девалвираме до крајни граници затоа што тој тврдеше дека видел и други лица, а се докажа дека тие лица, преку нивните телефони, никогаш не биле во штабот. Ова е форензички докажано, истакна Миланов.

Миланов исто така додаде дека Нинџа во исказот споменува комуникација со членови на Општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба, Чаир и Бутел  посочувајќи лице кои се претседатели на тие комитет, но се обезбедени докази дека ниту биле претседатели ниту биле членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Значи тој не би можел со нив да комуницира, нагласи Миланов.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk