logo
logo
logo

Миланов: Доказите на обвинителството НЕ ДОКАЖУВААТ ВИНА ЗА 27 АПРИЛ

Vecer | 11.06.2021

Миланов: Доказите на обвинителството НЕ ДОКАЖУВААТ ВИНА ЗА 27 АПРИЛ

„Со оглед како бранител на неколку обвинети и во првата постапка и на оваа постапка за 27 април, можам да кажам дека овде апсолутно не може да стане збор за таква правна квалификација, ниту пак во првиот предмет или пак во овој предмет“, појасни Еленко Миланов, адвокат во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Миланов додаде дека обвинението на обвинителството нема заснованост во доказите кои што досега ги понуди самото обвинителство.

„Не е прв пат да се случи како сега на последното рочиште да се дополнуваат докази наобвинителството, истото тоа го направија и се случи кна претходните рочишта кога се изведуваа докази на обвинителството каде што беа од Секторот за форензика и дигитални вештачења на МВР и имаше вештачења односно како што тие ги наведуваат Извештаи за извадени податоци од мобилни телефони. И тогаш се утврди дека сите оние вешти лица кои што тоа го правеле во рамки на МВР немаат лични лиценци, ниту пак министерството како министерство има акредитација да може да прави такви вештачења, рече Миланов.

Тој додаде дека за тоа што обвинителството сака да ги протне во постапката како некој Извештај., но не може да биде Извештај за тоа што она врз основа на што е направен тој Извештај е наредба за вештачење.

- А, во самиот Извештај стои дека при вештачење на мобилните телефони употребени се такви и такви средства и алатки, и се добиени тие и тие податоци. Што значи дека тоа е вештачење, а зошто обвинителството иако постојат десетина до 15 вешти лица со лиценци од истата област кои што можеле тоа да го направат, зошто тоа го направи на овој начин, навистина е прашање за обвинителството, но тоа е нешто што сметам дека буквално ја руши можноста да таквиот доказ воопшто биде користен“, рече Миланов.

Миланов посочи дека доказите на обвинителството не ја засегаат одбраната бидејќи во доказите нема ништо што ги обвинува затворените дека се виновни.

„Конститутивната седница на Собранието за изборот на таа Комисија за именување и која што треба да го предложи претседателот на Собрание започнува на 27-ми март. Воопшто седницата во времето кога се овие пораки, во времето на оваа комуникација, седницата воопшто не е започната. За избор на таа Комисија, каде тука можеме да ја најдеме поврзаноста“, запраша Миланов.

Миланов рече дека не може да се тврди дека уметниците, и граѓаните кои учествувале на протестите имаат согласност со она што се случи во Собранието.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk