Мијалков спроведен во затворот во „Шутка“

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков вечерва е спорведен во истражниот затвор Шутка, велат извори од СЈО за „Макафакс“.

Мијалков бил приведен по барање на СЈО, како мерка на претпазливост за случајот „Таргет-Тврдина“.

Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт по бегството на екс премиерот Никола Груевски. Претходно приведени беа поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари