logo
logo
logo

Мијалков со силно полициско обезбедување пристигна во судот

Vecer | 26.02.2021

Мијалков со силно полициско обезбедување пристигна во судот


Сашо Мијалков со засилено полициско обезбедување е спроведен во кривичниот суд во Скопје, каде што треба да биде соопштена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“. Од домот на Водно, каде  што издржува куќен притвор, тој беше донесен со полициско комбе. Придружуван беше од десетина полицајци, кои го следеа комбето со три возила.

Мијалков молчешкум помина покрај новинарите, без да одговори дали очекува осудителна пресуда. Когa влезе во холот на судот, се поздрави со судската полиција, а во холот каде што стоеја бројни новинари и јавност која ќе го следи судењето настана молк.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk