logo
logo
logo

Мијалков е сместен сам во „Шутка“ под засилени безбедносни мерки

Vecer | 27.02.2021

Мијалков е сместен сам во „Шутка“ под засилени безбедносни мерки

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Директорот на затворот Филип Андонов за „Фокус“ појаснува дека Мијалков поради здравствените протоколи за Ковид-19 моментално е сам, а се превземаат и засилени безбедносни мерки.

-Лицето Сашо Мијалков е примено во одделението за издржување на мерка притвор во КПУ Затвор Скопје на ден 26.02.2021 година во 16:00 часот врз основа на решение на Основен кривичен суд Скопје – Скопје, со кое му е определена мерка притвор.

Притвореното лице е сместено во одделението за издржување мерка притвор. За притворениот се преземаат засилени безбедносни мерки, во согласност со сите процедури и воспоставени стандарди. Дополнително се прават и чести контроли.

Веднаш по приемот во установата, поради здравствените протоколи Сашо Мијалков како и сите други нови притворени лица е сместен сам, изјави директорот Андов за „Фокус“.

Целиот текст прочитајте го на Фокус.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk