logo
logo
logo

МИХАИЛОВ, ВМРО-ДПМНЕ: Тодоров, како од министер Смрт стана стратег на Заев?

Vecer | 03.03.2021

МИХАИЛОВ, ВМРО-ДПМНЕ: Тодоров, како од министер Смрт стана стратег на Заев?

Читам пак нешто кинел зелени министерот за смрт, Никола Тодоров. Не треба да се лути за надимаков зошто му го измислија тие на кои сега им слугува. Штом не му смета да го брани Заев, претпоставувам не му смета да го викаат и министер смрт, пишува на својот Фејсбук профил Кире Михаилов од струмичкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

Туку да го прашам зошто на министерот смрт му смета Мицкоски, а не му смета и ништо не напишал за Заев за кого во одредени блиски кругови кажува дека бил брилијантен политичар. Ништо не кажува за бегството, лоповлукот и срамот на коалицијата Мијалков-Заев. За тоа што Заев ни го промени името, не обезличи и редица други удари врз идентитетот за кои Тодоров по неговите другарчиња со кои под рака шета низ улиците по Карпош вели дека биле добри чекори.

Старите знаете како велат, уценет човек – жив ѓавол. Го стегнаа за набавки и војводава ТодороФ клекна на колена пред Заев. Па така ли ќе го водиш ВМРО?!?

Како бре министре смрт станавте главен стратег на Заев преку ноќ и плукате колумни полни отров кон ВМРО и Мицкоски?

Јас ќе ви кажам, Мицкоски е огледало во кое се гледа вашиот срам, се што тој е, Вие ниту сте, ниту може да бидете. Не може да пишуваш за состојбите во ВМРО од скутот на Заев. Очигледно и те унапредиле, не си веќе само стратег во позадина кај Заев туку реши да продолжиш онаму каде застана Мијалков.

Епа со здравје, но само да уште ова да кажам, последниот пат кога во ВМРО беше стратег, Груевски го болеше глава. Сега на ред е Заев, пишува Михаилов во својата објава.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk