logo
logo
logo

Мигранти од Сирија најдени во Струмица

Vecer | 28.09.2022

Мигранти од Сирија најдени во Струмица

На 27.09.2022 на ул.„Климент Охридски“ во Струмица, во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток пронашле 11 лица мигранти, сите од Сирија.

Претходно, на место викано „Куклишка крстосница“, возилото не застанало на даден знак за запирање од полициски службеници од СВР Струмица, по што било пронајдено на ул.„Климент Охридски’’.

За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk