logo
logo
logo

Мицкоски: Здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на Заев, Филипче и Симовски

Vecer | 23.03.2021

Мицкоски: Здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на Заев, Филипче и Симовски

Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува дека нема одложување на пописот, обезбедени биле најбезбедни протоколи. А во меѓувреме, соседна Србија која е рекордер во имунизирано население на Балканот, соседна Бугарија, Романија, Косово го одложуваат пописот поради загриженост од енормно ширење на пандемијата, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски меѓудругото заклучува:

„Најнеспособните велат имаат безбеден протокол за успешен попис, а рекордерите го одложуваат пописот поради тоа што сакаат да го заштитат здравјето на граѓаните и да спасат човечки живот. Здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на Заев, Филипче и Симовски. Одложување на пописот веднаш. Ќе одговарате“, стои во неговата објава на фејсбук.

 

Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува...

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, March 23, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk