logo
logo
logo

Мицкоски:

„Да му помогнеме на Заев да си даде оставка која ја вети ако ги загуби Скопје и другите големи градови“

Vecer | 22.10.2021

„Да му помогнеме на Заев да си даде оставка која ја вети ако ги загуби Скопје и другите големи градови“

Јас кажував во моите говори дека волкот влакното го менува, ама не и карактерот. Навиканти сме на променливите позиции на Зоран Заев во изминативе 52 месеци откако е претседател на владата, но и претходно откако е активен во политиката, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Заев дека доколку во вториот круг го изгуби Скопје и поголемиот број од општини ќе си даде даде оставка. Мицкоски одговараше на новинарски прашања за време на посетата на Битола, поточно на индустриската зона Жабени.

„Не би ме изненадило доколку по 31 октомври ја промени својата изјава, знаеме дека во минатото и жици се спомнуваа и се колнеше, но не држеше до кажаниот збор“, кажа Мицкоски.

Според него на 31 октомври народот ќе му помогне на Заев  да донесе одлука.

„Она што мислам дека ќе се случи на 31 октомври е народот ќе му помогне да ја донесе вистинската одлука која ја кажа, а тоа е дека ако ги изгуби и изборите ќе се повелече. Па јас го повикувам народот тоа што го направи на 17 октомври да го направи и на 31 октомври и да му помогне на Зоран Заев да ја донесе вистинската одлука, бидејќи тоа е вистинска одлука за народот и за државата Македонија“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk