logo
logo
logo

Мицкоски: Заев има модел, ПУМПААТ ДРЖАВНИ ПАРИ ПА ФИРМИТЕ ОДАТ ВО СТЕЧАЈ

Vecer | 28.05.2021

Мицкоски: Заев има модел, ПУМПААТ ДРЖАВНИ ПАРИ ПА ФИРМИТЕ ОДАТ ВО СТЕЧАЈ

Постои модел кој власта го создала за испумпување на народни пари од државата, особено преку РЕК Битола. Но, тоа не е единствен случај. Најновиот е со компанијата „СВ Инвест” која од минатата недела е влезена во стечај, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „360 степени“ на Алсат М

- Фирмата „СВ Инвест” оди во стечај. И тоа е поради сериозни суми неплатен данок, милионски суми на неплатен данок. Тоа е проверена работа и тоа не е прв случај. Ако го анализирате случајот на една пропадната банка и ако видите колку компании кои што гравитираат околу семејството Заеви, во Струмица немаат платено обврски кон таа банка или пак определени давачки кон државата ќе ви стане јасно се, рече Мицкоски

Мицкоски потенцира дека тоа е проверен модел за овие луѓе и може да се погледне списокот на компании кои не си ги исполниле обврските кон „Еуростандард банка“ која што сега е во стечај, а кои што се од Струмица.

- И некако јавноста знае дека тие се поврзани со семејството на власт.  Едноставно е, рече Мицкоски. Станува збор за криминал и пљачка. Овие три години од први јануари 2018-та до 31 декември 2020-та година бруто домашниот производ во Македонија пораснал за 700 милиони евра, јавниот долг пораснал за една милијарда и 700 милиони евра. Една милијарда фали, украдена е. Ја нема, изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk