logo
logo
logo

Мицкоски: За пријателите на Заев се дава куќен притвор, а за непријателите затвор

Vecer | 16.04.2021

Мицкоски: За пријателите на Заев се дава куќен притвор, а за непријателите затвор

Во текот на утрото јас објавив еден статус на социјалните медиуми на фејсбук, каде што кажав дека практично пријателите и соработниците на Заев на распит се носат со рацете во џеб, а додека пак сите оние кои што Заев ги смета за свои непријатели и противници им се ставаат лици на рацете, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Само интервју на Канал 5 во однос на распитот и притоворот на екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски.

Мицкоски вели дека неколку дена однапред се најавуваше дека ова ќе се случии  тоа уште започна со сценариото со неговата од кабинетот на Заев, како негов соработник или советник.

- Се шпекулираше дека ќе заврши само со одземена патна исправа, па како поминуваат деновите велеа дека ќе добие куќен притвот. Еве доби куќен притвор, јас го најавив. Може и да ви кажам и чекор понатаму што ќе се случи. Еве можда ќе се прошири со дополнителни две обвиненија неговата пријава па можеби ќе биде променета оваа мерка притвор, наместо куќен да биде ефективен“, истакна Мицкоски

Мицкоски посочи дека додека пријателите на Заев за постоење сомневање за криминал завршуваат во куќен притвор, а неговите непријатели веднаш завршуваат во затвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk