Претседателот Мицкоски оцени дека во односот на Ковачевски и Петков има многу парада, а малку суштина и сето тоа на штета на македонскиот народ.
- Инаку сето ова како претстава пред завесата делува интересно, посебно за дипломатите од Европската унија, посебно за дипломатите кои се присутни во земјата, но без суштина. Нас ни треба суштина. Која е суштината? Суштината е дека ние изгубивме неколку преговарачки позиции, Али Ахмети лицитираше таму со нови промени на Уставот, Бојан Маричиќ лицитираше таму дека практично го пуштаат низ вода македонското малцинство во Бугарија итн, истакна Мицкоски.
Имам чувство дека сето ова се случува со многу парада, но без суштина. Мислам дека секогаш од сега па натаму, вклучително и за време на средбата кога нешто ние ќе побараме од страна на бугарската влада да направи во насока на градење на доверба со Македонија и македонскиот народ секогаш ќе наидуваме на две пречки првата е имаме мултипартитна коалиција, која што во секој момент може да се распадне и втората е било кој после нас ќе биде потврд во прашањето, нагласи Мицкоски.