Мицкоски за Алсат: Димитров во една реченица ја уништи кредибилноста на изборите во 2016 и 2017 година (ВИДЕО)

- Замислете излегува министерот за надворешни, кој патем уште чекам да поднесе оставка, а сега слушам дека и со Преседателе му се обраќале во неговиот кабинет, на една локална телевизија кажа дека ако не биде Илинденска, тој е подготвен да си даде оставка. Но, гледам дека не е подготвен, или е подготвен да си даде оставка да биде на ново место – Претседател на државата. Ќе видиме, времето ќе покаже.

Димитров излегува на телевизија и вели: "Немало попис одамна, не се знаело колку се избирачите" и така натаму. Министерот во една реченица ги уништи сите алибија на СДСМ за изборите во 2016 година, и во ист момент ја оспори кредибилноста на локалните избори во 2017 година. И никому ништо. Нити од владата некој го појасни, нити од министерството некој го појасни. Ама добро, таму се зафатени до претседатели, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за емисијата "Патот кон" на Алсат-М.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари