logo
logo
logo

Мицкоски: Таканаречената реформа во образоваието не е дигитализација

Vecer | 17.06.2021

Мицкоски: Таканаречената реформа во образоваието не е дигитализација

„Да, имаше протести за реформа во образованието и да, ме обвинуваа мене. Но, поентата е што со таканаречената реформа во образованието на Зоран Заев осакатува луѓе, тоа што го планираат не е дигитализација“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  на гостувањето на „Охрид 1“.

Според него не е реформа и дигитализација, не е дигитализација префрлување од ворд во пдф.

„Тоа не е дигитализација. Дигитализација е да има мултимедијални презентации, се да биде дигитализирано во секторот и да има и учебници за оние кои не можат така да стекнат образование. Денес и Бил Гејтс да го донесете и да му речете тоа да го направи до први септември ќе рече не можат. Тоа не е така едноставно“, вели Мицкоски.

Дополнително министерката Мила Царовска вели дека 10 проценти од децата не можат да следат ваков начин на учење, не може вака да работат, немаат услови.

Сето ова, вели тој, се промашени реформи и за жал ќе дојде уште некоја генерација на деца која ќе биде неподготвена и разочарана.

„Тие ќе сакаат да си заминат. Тоа е она што го најавува Заев“, рече Мицкоски кој додаде дека наскоро граѓаните ќе можат да изберат дали ги сакаат овие политики на Заев или не.

„Само наивен човек може да верува дека Кацарска стигна таму каде што стигна за тоа што е квалитетен судија. А, јас сум се само не сум наивен човек. И исто така може само наивен човек да верува дека во политиката се случуваат работи случајно“,рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју дадено за „Охрид 1“.

Мицкоски додаде дека многу добро се знае кој во обвинителството и судството е налогодавач.

„А, што се однесува до поротникот Сандев ситуацијата е јасна, човекот треба да оди во пензија. Имаме пракса во второстепен суд, судија е поротник кој што кога исполнува услови бил испратен во пензија. И тука нема дилема. Ама паѓале случаеви, се враќале од почеток, не е моја вина. Требало да бидат поажурни, граѓаните ги плаќале од Буџетот во СЈО, требало да покренат истрага, да покрене обвиненија, судски процес и тој судски процес да се заврши. Не е моја вина, ниту вина на граѓаните тоа да го трпат“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека никој не е виновен што во меѓувреме Митко Сандев исполни услови за во пензија да оди и тоа имплицира да четири случаеви да се враќаат на самиот почеток.

„Тука треба одговорност да има и обвинителот и судијата и поротниците зошто не биле ажурни. Случајот „Талир“ каде што учествува овој судија поротник е започнат 18 месеци по истекот на законскиот рок од СЈО. На насилен пат се води случајот. Зошто? За да може имотот на ВМРО-ДПМНЕ да биде замрзнат, сметката да биде во одреден период од партијата исто така блокирана, државата обврските кон ВМРО-ДПМНЕ оваа Влада да не си ги исполнува, предводена од СДСМ и Зоран Заев. Зошто? За да може Зоран Заев да има предност на избори, за тоа што нема како. Он нема проекти, он нема политики, он нема визија, он нема стратегија, единственото што му стои на располагање се заробените обвинители, штанцајте обвиненија и кривични пријави, судиите кои што му слугуваат неколкумина вклучително и оваа која што ја споменав Кацарска, кои што испорачуваат тоа што тој испорачува, и поткупот“, појасни Мицкоски.

„Власта работи селективно и удира само каде што може, затоа некои граѓани се чувствуваат како граѓани од втор ден. Луѓето се разочаруваат и си заминуваат од државата и се додека имаме криминалци и измамници во политиката Македонија не може да оди напред“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Охрид 1“.

Мицкоски посочува дека таков пример на селективност е рушењето на дивоградби во Охрид бидејќи се урнаа само неколку платформи без да им се даде шанса на луѓето, а други како тие на Нефи не ги чепкаа и ги оставаат да работат.

„Нечесно е едни дивоградби да бидат исклучок, а други правило. Некој ги толерирал и дозволувал тие бизниси да се шират и потоа наеднаш се појавуваат багери без притоа да добијат шанса за одбрана, а од друга страна носат закон за легализирање на дивоградби. Тогаш зошто бетонската база на Нефи не се руши, и таа дивоградба. Зошто никој не се осмелува таму да чепне. Зошто градоначалникот на Охрид не го направи тоа“, прашува Мицкоски.

Тој потенцираше дека овие луѓе се калкуланти и удираат само таму каде што мислат дека можат.

„Дивоградбата на Нефи не смеат да ја турнат, затоа што му должат, мандат, во кој има многу пари и рекет. Селективно е. Некои граѓани чувствуваат дека се граѓани од втор ред, луѓето се разочаруваат и ја напуштаат државата“, нагласи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk