Мицкоски со реакција за Законот за јазиците: Ова е понижување не само на фелата туку на целокупната нација

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку соопштение остро реагираше за Законот за јазиците, кој ќе се најде пред пратениците. Мицкоски од вчера е на терен на турнеја низ Македонија за да го слушне гласот на народот.

„Токму денот кога отпочна воениот конфликт во Тетово, а тоа е утрешниот ден на парламентарна седница се става на дневен ред овој противуставен неприменлив закон за употреба на јазиците. Апелиравме од Струмица за разум, да имаме чувство бидејќи во оваа држава имаме повеќе етнички заедници да имаме соживот, да се почитуваат комшиите но некој друг има поинаква цел. Имаме една генерална слика која е навистина спротивна на сето она што се ветуваше со таканаречената програма „За Живот" во Република Македонија. Имаме случувања кои што комплетно се ретроградни. Имаме страв, имаме терор. Во Скопје имаме убиства, пљачки, криминал кој секој втор ден остануваат неразјаснети. Имаме полицајци кои се правдаат дека случајно се повредиле удирајќи се од пајак", вели Мицкоски.

Според Мицковски, ова е понижување не само на фелата туку на целокупната нација.

„Имаме катастрофална ситуација на други планови. На пензионерите им беа ветувани брда и долини кои за жал и тоа што им следи по закон не успеваат да го добијат. Имам информација дека се доцни со исплата на судиите. Пред да ја преземат Владата самите во неколку наврати вклучувајќи и го Зоран Заев кажуваа дека се апсолутно свесни за ситуацијата во која што се наоѓа државата.Имаме економија во која имаме раст од 0%, единствена таква е во Европа нема втора таква економија. Економија каде што не можеме да ги исполниме елементарните проекции и покрај тоа што имаме власт која што го имаше целиот буџет на располагање да може да ја истера 2017-тата барем на половина од она што од претходната Влада беше проектирано", стои во соопштението на Мицкоски

„До ноември месец не убедуваа дека ќе ја исполнат таа цел, но за жал не успеаа и направија утка од некои 150 милиони евра, а и како што гледаме сега никој сеуште не носи никаква одговорност", смета Мицкоски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари