logo
logo
logo

Мицкоски: Скандал е што партиски луѓе ќе спроведуваат државен попис

Vecer | 25.02.2021

Мицкоски: Скандал е што партиски луѓе ќе спроведуваат државен попис


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со здравствените работници, одговарајќи на новинарско прашање на тема попис истакна дека е скандал е што партиски луѓе ќе спроведуваат државен попис.

„Јас за ова предупредив уште пред неколку недели на едно мое интервју дека СДСМ и ДУИ ќе попишуваат и практично нивните партиски војници ќе треба да бидат платени со пари од граѓаните со дваесет и три-четири илјади денари колку се предвидени за попишувачите. И дека на тој начин практично ќе биде не само што недовербата сега постои, туку на тој начин таа недоверба ќе биде уште поголема во самиот процес. А, денеска посебно кога сме пред третиот бран од овој коронавирус, гледаме на дневна основа се зголемува бројот на лица кои што се инфицирани и уште повеќе се фрла недоверба односно сомнеж на самиот процес на попис“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека имајќи во предвид дека сите држави во околинава го одложија пописот, требаше власта да биде барем малку паметна и да го одложи овој попис. Мицкоски исто така апелираше до меѓународната заедница да ја вразуми власта, бидејќи власта не ги слуша граѓаните и опозицијата.

„ Апелирам и до меѓународната заедница нека ги вразуми овие бидејќи само нив ги слушаат, а не ги слушаат граѓаните, да го откажат пописот, да не ги доведуваат во опасност граѓаните дополнително затоа што ќе броиме мртви луѓе и ќе броиме луѓе со трауми што ја прележале оваа пандемија“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека партиските војници на овој начин сакаат да депонираат пари и да ги платат за тоа, бидејќи, како што вели, нема кој да им работи на терен за локалните избори, и сега да направат какво такво мапирање, но тоа е политиканство, тоа нема никаква врска со реалноста.

„Замислете 35.000 попишувачи кои што треба да влезат во 500.000 домаќинства во рок од 20 дена, што ќе се случи? Не жариште, можете да замислите што ќе биде тоа. А, потоа следи Велигден, следи Рамазан“, појасни Мицкоски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk