logo
logo
logo

Мицкоски:

„Кога СДСМ и ДУИ сакаат да ги штитат криминалните тендери внесуваат етнички раздор“

Vecer | 27.10.2021

„Кога СДСМ и ДУИ сакаат да ги штитат криминалните тендери внесуваат етнички раздор“

Секогаш кога СДСМ и ДУИ сакаат да ги заштитат криминалните тендери и бизнис интереси, тогаш едните се враќаат на проверената националистичка карта на поделби, а другите не враќаат назад. Не така, Албанците ме запознаа, видоа дека не сум таков. Во оваа кампања промовиравме сосема поинаков пристап, заеднички патриотизам каде сите ние Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми и сите останати имаме иста мака, а тоа е лошо живеење, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебатна емисија на ТВ Шења.

Мицкоски изјави дека тој промовира нова матрица на политичко  функционирање заеднички патриотизам и убеден е дека сите без разлика на сите етнички, верски и други различности ќе се обединат во борбата против криминалот и ќе се фокусираат на напорна, чесна и вредна работа и демократски вредности.

-  Се обидуваат да внесат раздор, велеа зелена агенда ќе промовираат, но не слушнавме такви проекти, но велат во Гостивар и Тетово немало да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да одлучува кој ќе биде градоначалник или од ВМРО-ДПМНЕ да имало градоначалник во Кичево.  Тие луѓе ни велеа едно општество за сите. Еве нашиот кандидат во Кичево, тоа го покажал на дело, се вика Александар, неговата сопруга е Албанка се вика Линдита. Тој е лекар и лечи и Македонци и Албанци, Срби, Роми, Турци. И тие на него мислат дека ќе тестираат национализам, тоа е погрешно и Албанците велат дека ќе гласаат за него, истакна Мицкоски

За поддршката од Фатмир Лимани, Мицкоски рече дека тоа е во насока на заедничкиот патриотизам, а МРО-ДПМНЕ во Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, излезе со поддршка за кандидати Албанци

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk