logo
logo
logo

Мицкоски: СДСМ ја лаже администрацијата дека ќе бркаме од работа, ние не сме Зоран Заев, живи луѓе не јадеме

Vecer | 25.10.2021

Мицкоски: СДСМ ја лаже администрацијата дека ќе бркаме од работа, ние не сме Зоран Заев, живи луѓе не јадеме

И како поминува времето до денот на гласање притисоците, пропагандната машинерија на власта, обидите за поткуп на вашиот глас се засилуваат. И тоа го прават не затоа што се моќни, туку затоа што се слаби и знаат дека ќе загубат. Само слаба власт посегнува кон злоупотреба на моќта на државата. И тука сакам да потенцирам неколку работи. Лудилото во кое се наоѓаат пред се поради стравот од пораз кој ќе им се случи е толку големо што тие посегнаа да шират невистини, да подгреваат тензии, да измислуваат работи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево.

Тој информираше за тоа што го информираат луѓето деновиве.

„Овие денови ми доаѓаат информации од повеќе општини и градови како локалните функционери на СДСМ се закануваат до вработените во администрацијата, создавајќи страв дека доколку дојде во промена на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги брка од работа. Ние не сме Зоран Заев, живи луѓе не јадеме“, рече Мицкоски.

Затоа, кажа Мицкоски, испраќам порака до тие луѓе да не се плашат

„Сигурни се нивните работни места, и на овие избори да излезат на гласање и слободно и независно од било какви притисоци да си ја изразат својата волја позад параванот. Не се плашете затоа што тие кои го велат тоа треба единствено тие да се плашат затоа што јас ги гледав во очи и им велев ќе одговарате за сите криминали. Луѓето кои работат за плата не смеат да бидат мета на политички прогон, ниту пак ми паѓа на памет да правам некаква одмазда кон недолжни граѓани. Треба и конечно да заврши времето кога луѓето кои се недолжни ќе треперат за тоа дали ќе се промени власта затоа што може да останат без работа. Јас и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се занимаваме со работа, проекти и развој, и за тоа е потребен секој еден човек, а не со чистки, притисоци и реваншизам“, рече Мицкоски.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk