logo
logo
logo

Мицкоски: Рашковски да оди во затвор, а владата треба да поднесе оставка

Vecer | 14.04.2021

Мицкоски: Рашковски да оди во затвор, а владата треба да поднесе оставка

Оставка треба да поднесе цела криминална влада, Рашковски одамна требаше да биде таму каде што припаѓа – во затвор, изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по денешната средба во МАСИТ.

– Не може службеник со плата и професор да поседува хациенди, да вози такви џипови, ако се негови да дезертира и да летува среде паднемија. Ако тој стократно го зголемил своето богаство, срамота е што досега не поднесе оставка, ова треба да продолжи, се срамам што такви луѓе се мои колеги на Универзитетот.

Ова лице беше едно од најблиските соработници на владата, кој знае што се случува со другите, оставката треба да се прошири на целата влада. Ако се потврди дека е точно тоа за Рашковски, тогаш тоа е голем срам и блам за владата  – одговори Мицкоски на новинарско прашање за денешната оставка на Рашковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk