Мицкоски повика на протест во Кавадарци

Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО затоа што имаме неспособна влада, повикувам на протест во Кавадарци, во недела во 13 часот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоскии во видео обраќање.

„Ќе продолжиме да протестираме. Ве повикувам оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш кој ќе започне од кружниот тек Сашко Гешковски до спомен плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО, после Солунскиот“, најави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека СДСМ дојде на власт со ветување за подобар живот и повисоки плати, но сега молчат за неправдите, а ладнокрвните убиства ги третираат како статистичка евиденција во црните билтени.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари