logo
logo
logo

Мицкоски: Порано немаше месец да нема нова фабрика, сега ниту фабрики се отворија, ниту инвестиции има

Vecer | 19.04.2021

Мицкоски: Порано немаше месец да нема нова фабрика, сега ниту фабрики се отворија, ниту инвестиции има

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во интервју на Клан телевизија, истакна дека порано немаше месец без да се отвори нова фабрика, за разлика од тогаш сега не се знае кога последен пат сме отвориле фабрика, инвестиции нема со оваа власт и таа очигледно е дека не може повеќе од ова.

Во 2014,2015 година бевме 62,64,66-то место на скалата на Транспаренси сега сме на 111-то место, а сега се бориме против корупција и криминалот, бројките се немилосрдни, не сакам да живеам како 111-то место по корупција, вели Мицкоски.

Тој истакна дека меѓународната заедница вели дека нема инвестиции затоа што корупцијата е голема,како и дека тука владеат корумпирани политички елити.

-Јас не сакам да бидат од тоа, срам ми е кога Вучиќ вели дека има двојно повеќе странски инвестиции од Албанија, Македонија, Црна Гора и Косово или Босна заедно, лидери бевме од нас учеа, немаше месе да не пуштиме по некоја фабрика, кога последен пат сме пуштиле фабрика, еве колку луѓе работат во Леер Тетово, до каде е гасоводот до Гостивар што требаше да биде, се срамам лоша е ситуацијата, лошо живеат луѓето и на дното сме во Балканот по се, немаме вакцини, први сме по број на смрни случаи и инфицирани, први сме по криминал, балкански и европски нарко мафијаши уживаат со македонски пасоши, се срамам, истакна Мицкоски.

-Нема напред ако по овие параметри не засукаме ракави и не ги промениме, овие луѓе не можат видовме четири години толку можат, толку им е капацитетот, тоа е проблемот, видовме што прават, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk