logo
logo
logo

Мицкоски: ПОПИСОТ НЕ Е ЕТНИЧКО ПРАШАЊЕ, тој од Босилово и тој од Желино лошо живеат

Vecer | 26.03.2021

Мицкоски: ПОПИСОТ НЕ Е ЕТНИЧКО ПРАШАЊЕ, тој од Босилово и тој од Желино лошо живеат

Додека власта го закрвавува народот и создава фрустрации, реалноста е дека сите живеат лошо. Оној во Желино и оној во Босилово исто живеат, лошо живеат. Маката им останала на нивата и нема кој трудот да им го плати. Детето им бара леб и школување, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, говорејќи за пописот во Македонија.

Мицкоски истакна дека пописот не е етничко прашање, туку прашање за иднината и  затоа се вели статистичка операција, но власта тера политика со цел да си ги зачува фотелјите на сметка на маката и поделеноста на народот.

- Само тоа знаат, да лажат и да уживаат привилегии. Што направиле за обичниот граѓанин? Тие луѓе што се отселиле си заминале затоа што некој тука не им обезбедил пристоен живот и иднина, а овие одат и им продаваат национализам. Го закрвавуваат народот и создаваат фрустрација кај останатите, потенцира Мицкоски.

Тој нагласи дека власта моментално игра на карта на злоупотребата на чувствата на Албанците, додека си прават маркетинг и промоција.

На крајот од денот утре ќе дојдат избори, ќе имаме фингерпринт, и тоа ќе даде одговор на тоа население кое е тука. Не смееме да ги етнизираме прашањата, како што сака власта да прави и да ги злоупотребува и лаже граѓаните, изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk