logo
logo
logo

Мицкоски по средбата со докторите: Од се е под контрола, дојдовме до 3000 загубени животи

Vecer | 25.02.2021

Мицкоски по средбата со докторите: Од се е под контрола, дојдовме до 3000 загубени животи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  денеска по средбата со докторите кои се во првите редови во борбата против КОВИД-19

„Денеска имавме ете еден би рекол многу конструктивен состанок кој што за жал или би рекол трибина ја свикавме поради неубав јубилеј, а тоа е отприлика година дена од првиот случај кој што се дијагностицираше и кој што беше позитивен на КОВИД-19 или на короната, рече Мицкоски кој додаде:

„Тогаш во тоа време не убедуваа дека опозицијата ширела лажни вести, дека опозицијата била таа која што не знаела што зборува, дека власта ги имала конците во свои раце и дека практично имале стратегија, имале план, имале визија како да спречат понатамошно ширење на вирусот. Иако месеците потоа потврдија дека ниту план имаат, ниту визија, ниту стратегија, ниту пак знаат како тоа да го направат.

Не убедуваа дека ќе имаме не повеќе од 2.000 луѓе кои што ќе заболат од овој вирус, за жал денеска имаме повеќе од 100.000 евидентирани, можете да замислите колкава е бројката на тие кои што не се евидентирани, изјави за медиумите, Христијан Мицкоски.

Тој меѓудругото рече дека поради неспособноста на Зоран Заев и Владата на СДСМ досега животот го изгубија повеќе од 3000 граѓани.

– За жал имаме повеќе од 3.000 наши сограѓани кои што ги загубија животите поради неспособноста на Зоран Заев и владата на СДСМ. И за жал од она што можеме да забележиме е дека и после една година ниту имаат план, ниту имаат визија, ниту пак имаат стратегија туку напротив служиме за потсмев.

Луѓето буквално играат мајтап со Македонија, единствената држава во Европа, би рекол на Балканот сигурно, која што сеуште нема набавено сопствени вакцини, кои што граѓаните кои што сакаат да се вакцинираат ќе ги имаат на располагање.

Еве денеска еден од присутните претседателот на комисијата прочита еден фејсбук статус на еден негов колега кој што буквално моли да добие вакцина од министерот, човекот има 65 години.

Така што се наоѓаме во една апокалиптична ситуација за здравјето на граѓаните, за здравјето на нацијата и јас навистина единствено нешто што можам во овој момент да побарам е голема општествена широка поддршка да се совладаат овие неспособни луѓе кои што денеска се наоѓаат во Владата, а потоа да дојдат луѓе кои што знаат како навистина да ги решат напластените проблеми кои што и онака се напластија уште повеќе во овие 4 години од Зоран Заев и СДСМ, а потоа се разбира и одговорност за сите овие погрешни политики кои што за жал значат и човечки загубени животи, истакна тој.

– Отприлика тоа беше денешната трибина, денешниот состанок со медицинските лица, со лицата кои што веќе година дена се на првата линија на фронтот би рекол еве вака во војнички жаргон да се изразам и луѓето кои што до ден денешен спасија можеби илјадници човечки животи и луѓето кои што за жал денеска владата на СДСМ и Зоран Заев ги остави на цедило и на бришан простор без да вложи ниту еден фенинг во подобрување на условите во кои што тие работат, додаде Мицкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=srCWBg--o98&feature=emb_title

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk