logo
logo
logo

Мицкоски: Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва!

Vecer | 06.07.2022

Мицкоски: Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие.

– Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР, наведе Мицкоски во објавата.

Мицкоски вечерва учествува на протесниот марш што со одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, кој започна пред Владата, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за надворешни работи, од каде продолжија пред Собранието.

На раскрсницата пред плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија беше избегнат поголем инцидент, откако вооружена група луѓе почна да фрла со шишиња, камења и други предмети кон оние кои протестираа со песни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk