logo
logo
logo

Мицкоски од Инфективна испратил писмо до амбасадорите за да предложи одложување на пописот

Vecer | 11.03.2021

Мицкоски од Инфективна испратил писмо до амбасадорите за да предложи одложување на пописот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски напиша писмо до амбасадорите кои го преставуваат меѓународниот фактор во земјава осврнувајќи се на пописот, локалните избори и ковид-пандемијата.

Тој напоменува дека низ лично искуство најдобро знае низ што поминуваат заразените од Ковид како и информациите за личните трагедии на илјадници семејства што треба да биде аларм за државата суштински да делува.

„Ви пишувам од Клиниката за Инфективни болести, каде што се наоѓам како резултат на тешките симптоми и високата температура која ја имам. Во вакви моменти човек ја гледа драгоценоста на сопственото здравје, кое поради брзиот живот го запоставуваме“, стои во писмото.

Мицкоски нагласува дека Македонија, како и остатокот од Светот се соочува со нов бран на Ковид-19, но во исто време државава се наоѓа на дното во Европа по бројот на вакцинирани.

„Борбата против тешката епидемиолошка ситуација, во недостаток на вакцини, комбинирано со теренски попис, ќе го стави во сериозен ризик за јавното здравје.Јас не се сомневам во потребата од кредибилен попис, но во овој момент не е време за истиот. Ние мора да сме фокусирани пред се на борбата против здравствените предизвици кои се пред нас. Откако ќе се надмине здравствената криза ние можеме повторно да се насочиме на пописот“, стои во писмото.

Тој подвлекува дека проблемот во немањето на консензус во врска со прашањето околу пописот е само во владата на Заев.

„Прашања како пописот, во поларизирано општество како нашето, мора да се решаваат со целосен политички консензус. Немањето на ваков консензус, не донесе до слепа улица, при што единствена солуција која останува е одлагање на пописот. Во оваа динамична ситуација, каде ситуацијата на терен се менува на дневно ниво, се плашам дека одиме кон уште еден голем предизвик за јавното здравје. Во оваа насока пописот би можел да создаде КОВИД кластери. Како лидер на опозицијата смета дека има обврска кон граѓаните и дека треба да се најде решение за ситуацијата“, вели Мицкоски во писмото.

Како дел од решението тој предлага:

„Пописот да биде одложен за септември, тоа ќе остави време за набавка на вакцини и вакцинација на сите попишувачи, со што ќе се минимизира штетата по јавното здравје. Во насока за институциите да можат да се посветат целосно на пописот, предлагам локалните избори да се одржат од 1 до 15 ноември“, стои во писмото на Мицкоски.

 

 


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk