logo
logo
logo

Мицкоски: Ние им должиме на хероите од новото време - малечката НАДИЦА од Ново Село, ДИМИТАР од Охрид...,

Vecer | 23.10.2021

Мицкоски: Ние им должиме на хероите од новото време - малечката НАДИЦА од Ново Село, ДИМИТАР од Охрид...,

Нашата борба не треба да биде само континуитет на идеите и идеалите кои ги црпиме од големите имиња од нашата историја. Енергијата за нашата борба и мотивот за новата иднина е пред се поради тивките, но големи херои кои се покрај нас. Покрај нас на тезгите по пазарите, на работниците по скелињата, возачите на камионите, докторите по ординациите, земјоделците на нивните, рече Христијан Мицкоски на вечерашното обраќање пред граѓаните во Охрид.

Мицкоски порача дека неговиот мотив за да верува и да се бори за новата иднина се токму малечката Надица, која ја запознал на пазарот во Ново Село, но и Димитар од Охрид кој си заминал од Македонија, бидејќи не можел да се вработи односно како што рече тој иднината и сонот му се одземени поради лукративноста, егоизмот на луѓето од власта кои наместо квалитет ценат партиска книшка и роднинска припадност.

Малечката Надица која ја запознав на пазарот во Ново Село пред некој ден продаваше пиперки кои што нејзиниот татко ги има произведено од малото парче земја кое му е наследство пак од неговиот татко. Таа наместо на училиште беше на тезгата, која за среќа ја грееше есенското сонце, а мразовите сеуште не беа присутни. Надица до нејзе, покрај градинарските производи кои им ги нудеше на луѓето имаше и учебник за да повремено прочита нешто додека токму тој ден му помагаше на семејството. Си велам какво само тешко време носи ова девојче на нејзините плеќи. Колку само тоа е голема неправда за овој млад човек. Но она што ми дава мотив е што Надица одбрала да се бори со книгата покрај себе и покрај тешката судбина на нејзиното семејство. Кога таа се бори против таква неправда, па ние ли сега да се откажеме. Таа е мојот мотив, мојот херој поради кој верувам во новата иднина, вели Мицкоски.

Пред еден месец  го запознав Димитар тука во Охрид, млад човек со силен ентузијазам, но невработен зошто за неговата струка нема место на местата каде се вработуваат роднините, ќерките и синчињата на функционерите од власта. Димитар се образувал, инвестирал во себе, но иднината и сонот му се одземени поради лукративноста, егоизмот на луѓето од власта кои наместо квалитет ценат партиска книшка и роднинска припадност. Но, Димитар не престана да сонува, и овие денови разбрав дека отпатувал во Шведска каде нашол пристојна работа. Среќен сум поради Димитар, но тажен поради тоа што губиме уште еден млад човек кој требаше да го задржиме тука. Тој ќе има добра иднина таму некаде во странство, но ние како држава губиме млад талент, млад човек, рече Мицкоски.

И на крај кога некој ќе ме праша дали сето ова вреди, овие наши борби, говори укажувања? Ќе кажам кратко, што е нашата жртва за жртвата која ја даваат Димитар и Надица, или такви десетици, стотици, илјадници нечујни херои на денешното време. Тоа се нашите современи херои, дециден е Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk