Изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека од „Фајзер“ добиле дополнително барање поради што договорот за набавка на вакцини се уште не е постигнат, ја искоментира на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

https://press24.mk/filipche-prizna-nemame-dogovor-so-fajzer

Обновено. Разбиена уште една владина лага. Нема договор со…

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, 19 March 2021

„ Обновено. Разбиена уште една владина лага. Нема договор со Фајзер, а има провизии за кинески вакцини.

Тоа што сте неспособни сите знаеме, ама тоа што ги лажете граѓаните, луѓе животи губеа и губат, голем дел трауми ќе носат со себе цел живот, ви ветувам дека ќе има одговорност. Порано или подоцна. Подгответе се“ напиша Мицкоски на Фејсбук.

makfax.com.mk