logo
logo
logo

Мицкоски: Не може ЗАЕВ АБОЛИРАН ЗА КРИМИНАЛ да биде реформатор

Vecer | 16.04.2021

Мицкоски: Не може ЗАЕВ АБОЛИРАН ЗА КРИМИНАЛ да биде реформатор

Не може човек кој во својот живот бил аболиран политичар или во својот живот, влегол во мандатот со активен судски процес, кривично дело кое било во првостепена и второтстепена фаза да биде реформатор во правосудниот систем,  изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само Интервју“ на Канал 5, додавајќи дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја фомира новата влада ќе има безмислосна борба против корупцијата.

Мицкоски потенцираше дека во 2015 година Македонија била на 66 место на Транспаренси Интернешнл, а сега наместо да бидеме подобри сме на 111 место, а тоа е така затоа што оваа влада е најкорумпирана во историјата на Македонија и е предводена од политичар аболициран за криминал.

Во 2015 сме биле 66 на Транспарренси интерншнл сега сме 111, наместо да биде 46. Ниту сум аболиран, ниту како човек имам онцесија кон некого. Кога ќе ја формира новата влада ВМРО-ДПМНЕ ќе се бориме безмислосно со корупцијата и криминалот во оваа држава, рече Мицкоски.

Мицкоски вели иако сите влади досега не успеале и дека не постои магична формула за борба со корупцијата, сепак ветува дека за две години од мандатот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има многу подобар резултат од тој што го имаше владата во 2015 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk